Време е да обрнеме внимание на ретроградниот Марс, кој почнува од 17 април и трае до 29 јуни. На секои две години, Марс го почнува своето ретроградно движење, а тоа е перодот кога треба да се размисли за одредени постапки бидејќи можат да го намалат нивото на енергијата и да донесат фрустрации и тешко совладување на пречките.Во следните 11 недели ќе мора да донесете неопходни одлуки. На пример, ако сте невработени веројатно нема ни да прифатите нова работа. Кога е во прашање односот со луѓето, не е најдобро време за влегување во врска, но никој од вас не очекува целибат. Што се однесува на работата, резултатите можеби ќе изостанат ако работите напорно, но не дозволувајте тоа да ве депримира, бидејќи ова е одличен период за некои други работи.
Треба да внимавате на агресивноста, потиснатите страсти, нервозата, кавгите и конфликтите, оспаленијата и повредите.
Кон средината на април од 2016 година, нѐ очекува голем тригон во земјените знаци: Меркур е на средината на Бик, Јупитер на средината на Девица и Плутон на средината на Јарец.
Ретроградното движење на Марс најмногу ќе го почувствуваат припадниците на знаците Рак, Јарец и Скорпија, кои што во следните неколку месеци ги очекува внатрешно патување. Здравствените проблеми и натаму ќе бидат актуелни овој месец.
Ретроградниот Марс ги враќа старите љубови, но носи прељуба и неверства. Од друга страна, ова е добар период за самоанализа, вежба, терапија, медитација.
Оние што се храбри и креативни имаат прилика во првата половина на април да ја свртат ситуацијата во сопствена корист. Првата половина на април е одлична за сите нови почетоци и проекти.
Ретроградниот Марс го намалува нивото на енергија и го враќа протокот на енергијата навнатре а тоа често резултира со збунетост на личен план. Со оглед на тоа што на почетокот ќе биде во огнениот Стрелец, луѓето може да станат лути, импулсивни или нетрпеливи. Сега е време да забавите.
Околу 19. април, Сонцето влегува во стабилниот и материјалистичен Бик, додека Венера на 17. степен ќе биде во квадрат со Плутон на 17. степен. Овие исклучително физички и материјалистички конфигурации може да бидат прилично силни и интензивни. Сега сигурноста доаѓа на прво место, но и нагласените страсти.
На 20-ти април ќе настапи некое разочарување. Ќе има проблеми поврзани со комуникацијата со другите. Исто така, треба да внимавате на предавствата. Здравствените проблеми исто така ќе бидат дел од настаните поврзани со овие влијанија.
Околу 22. април Марс ќе настапи во периодот на полната Месечина.
Всушност, оваа полна Месечина ќе биде Супер Месечина што може да резултира со некои екстремни временски услови.
Инаку Венера и Уран во конјукција се мошне возбудлив ефект што може да доведе до ненадејни (краткотрајни) средби, убави подароци, авантури.
Околу 24. април ќе мора да се соочиме со некои факти. Астролошките услови укажуваат на отрезнување. Некои од нас ќе почувствуваат помали тегоби и ограничувања.
Бидејќи овој период трае сѐ до 29. јуни, би било добро периодов да си ги преиспитате целите и да размислите кои работи ве прават среќни за да успеете на крај да го живеете животот онака, како што навистина сакате да ви изгледа.Во следните 11 недели ќе мора да донесете неопходни одлуки. На пример, ако сте невработени веројатно нема ни да прифатите нова работа. Кога е во пр