Почнува со работа најголемата фабрика за производство на електрична енергија, чиј извор е плимата!

Оваа револуционерна фабрика која ја искористува моќта на плимата, ќе обезбедува дури 175.000 домаќинства со електрична енергија во Шкотска. Снабдувањето со електрична енергија се очекува да започне во 2016 година.Првата фаза од проектот вклучува 61 турбина, кои ќе снабдуваат 62.000 шкотски домови. Се смета дека би требало да се изградат 269 турбини, кои би произведувале 398 мегавати електрична енергија. Веќе се собрани 83 милиони долари за започнување на првата фаза.
„Морската вода е 832 пати погуста од воздухот и 5 јазли од водената струја содржат повеќе кинетичка енергија од ветерот кој што дува со брзина од 220 метри на час. Така, океанските струи имаат поголема концентрација на енергија и затоа се потребни помали направи за собирање на таа енергија“, изјавија од MeyGen.

Оваа технологија ја искористува кинетичката енергија од океанските струи и ја конвертира во електрична енергија. Со оглед на тоа што водените површини сочинуваат над 70% од Земјата, енергијата на океаните (вклучувајќи ја моќта на брановите, плимата…) претставува огромен извор на енергија, која се проценува дека изнесува некаде помеѓу 2.000 и 4.000 теравати за една година што е доволно енергија за непрекинато светење на 2 до 4 милијарди вати на сијалици со минимална потрошувачка.
Со оглед на тоа дека турбините побавно се вртат, се смета дека не можат да им наштетат на живите организми во океаните.
Погледнете како функционира оваа технологија:
Првата фаза од проектот вклучува 61 турбина, кои ќе снабдуваат 62.000 шкотски домови. Се смета дека би требало да се изградат 269 турбини, кои би п

Пронајдете не на следниве мрежи: