Под мотото „Возиме кон иднината“ ќе се одржи „Ролер трката 2016“

Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје по петти пат ја организираат „Ролер трката 2015“. Во оваа спортска манифестација, која се одржува под мотото „Возиме кон иднината“, ќе учествуваат училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција, којашто ќе се одржи утре /22 април 2015 година, петок/ во 12 часот на булевар „Илинден“, е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).
Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, којашто има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.
Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат сите основни училишта од градот и од околинатa со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до девето одделение. На Ролеријадата ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните ученици во машка и во женска категорија.Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „И

Пронајдете не на следниве мрежи: