Ако се сеќавате на одговорите на нашите дилеми при изборот на Владата, побаравте поддршка и помош од опозицијата. За жал мораме да констатираме дека ниту за едното прашање за контекстот со кои ги водите работите со Република Грција, ниту за второто прашање за контекстот со кои ги водите работите со Република Бугарија, ние како пратеничка група не сме, информирани, запрашани и повикани на состанок потенцираше Илија Димовски на деншната собраниска седницаАко не викнавте на некаква официјална или неофицијална средба во Владата ќе ви укажевме на една работа, политиката до 2007 година на Република Македонија за членство во НАТО беше Македонија да влезе под привремената референца. Тогаш во 2007 година тогашниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски, имаше едно несреќно тајмирано интервју за грчкиот весник „Катимирини“ во кое што за прв пат официјално лице од Република Македонија ја изложи стратегија на Република Македонија, нагласи Димовски.
Тој додаде дека истото како да ни се повторува и денеска за што од нашиот јужен сосед сме добиле порака дека на нив не им паѓа ни на крај памет со прифаќање на таа стратегија.
-Во однос на соработката со Бугарија она што ние го знаеме е дека постои дилема во неколку работи. Прво дали во договорот ќе пишува дека договорот е потпишан на македонски јазик или ќе пишува дека е потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија и тоа прави огромна разлика. Веројатно ја знаете разликата, да имавме прилика да ви укажеме, ќе ви укажавме. Исто така прави огормна разлика дали имаме заедничка историја или немаме заедничка историја со било кој народ во сосеството, нагласи тој.
Димовски додаде дека доколку сите ние немаме посебна историја тогаш се наметнува прашањето во што тоа ние се разликуваме.
-Ако го славиме Илинден заедно, втори август прашањето е зошто 3 март денот на потпишување на Санстефанска Бугарија не го славиме заедно и милион такви прашања кој што се штетни за Република Македонија без сето тоа да изврие тука и да се види целиот контекст. Значи ние поддржуваме подобрување на односите со Република Бугарија тука нема дилема и ќе имате поддршка од нас, но тоа не смее да оди на штета на посебноста, засебноста и националниот идентит на македонскиот народ, потенцираше Димовски.
На крајот тој уште еднаш нагласи дека тој договор за соработка треба да се потшие, но не на штета на посебноста и засебноста на македонскиот народ.
Ако не викнавте на некаква официјална или неофицијална средба во Владата ќе ви укажевме на една работа, политиката до 2007 година на Република Маке



