Подгорица ја стресоа две експлозии

Loading...

Две експлозии одекнале во главниот град на Црна Гора, Подгорица, ноќеска, половина час по полноќ, при што се уништени автомобил и дуќан, но нема повредени.

Автомобилот на Александар Јововиќ, познат како Камени, потполно е уништен во експлозијата во центарот на Подгорица, која настанала од подметнат експлозив под црниот „Saab” .
 По првата детонација, брзо одекнала и втора, а полицијата претпоставува дека експлозивот е фрлен пред деловниот простор на Јововиќ, кој се наоѓал спроти експлодираниот автомобил.
 Од експлозијата на автомобилот уништен е дел од канцелариите на „Ловќен осигурување”.
 Додека огнот го гаселе пожарникари, инспектори го блокирале целиот кварт.
 Од јачината на детонацијата под автомобилот, ветробранското стакло летнало 30-тина метри, а испукале стаклата на околните згради и куќи.
Макфакс
Две експлозии одекнале во главниот град на Црна Гора, Подгорица, ноќеска, половина час по полноќ, при што се уништени

loading...