Подготовка за напад: Турција нареди итна евакуација на населението покрај сириската граница

Турција наложила евакуација на жителите на Каркамиш, град на турската граница со Сирија, кој се наоѓа во близина на Џарабулуш, место кое е под контрола на Исламска Држава, јави CCN Турк. Полицијата со мегафони ги предупредила граѓаните да се евакуираат од безбедносни причини од Каркамиш, каде претходно паднале две гранати од минофрлач испалени од сириска територија, пренесе АФП.Медиумите исто така јавија дека сириските бунтовници кои ги поддржува Анкара подготвуваат голема офанзива за да ја преземат контролата во Џарабулуш од џихадистите.
Истовремено, денес во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу, изјави дека Турција ќе даде секаква можна поддршка на операциите против џихадистите на Исламска Држава во Сирија и Ирак, вклучувајќи и можна офанзива во Џарабулуш кој е под контрола на ИД.
Тој навел дека неговата земја е одлучна во борбата против ИД и курдските милитанти како на територијата на Турција, така и надвор од нејзините граници. Овие активности аледат по серијата бомбашки напади кои терористите ги изведоа во Турција.
Чавушоглу на прес конференцијата на која бил со својот унгарски колега, изјавил и дека Турција убила околу 650 џихадисти со воздушните удари изведени од воените бази на северот на Ирак.Медиумите исто така јавија дека сириските бунтовници кои ги поддржува Анкара подготвуваат голема офанзива за да ја преземат контролата во Џарабулуш

Пронајдете не на следниве мрежи: