Подготвена на ОВОЈ начин, сите ќе сакаат да ја јадат: Блитва со компир!

Подготвена на ОВОЈ начин, сите ќе сакаат да ја јадат: Блитва со компир!Состојки:
1 врзоп блитва
4 млади компири
2 лажици сол
100 мл маслиново масло
лук
магдонос
½ лажица Вегета
Подготовка:
Блитвата добро измијте ја во ладна вода, одвојте ги стапчињата од листовите и исечете ја на помали парчиња.
Компирот излупете го и насечете го на мали коцки.
Во помал сад ставете вода да зоврие и додадете 1 лажица сол.
Компирот варете го околу 15 минути (зависно од големината на коцките)
Во поголем сад ставете вода да зоврие со 1 лажица сол.
10 минути варете ги стапчињата од блитвата, а потоа додадете ги и листовите и варете уште 5 минути.
Додека компирот и блитвата се варат, во сад за послужување додадете маслиново масло, ситно исецкан лук, магдонос и вегета.
Компирот и блитвата исцедете ги и префрлете во садот за послужување.
Добро промешајте и оставете неколку минути да се соединат вкусовите.
Послужетедодека е топло.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
1 врзоп блитва
4 млади компири
2 лажици сол
100 мл маслиново масло
лук
м

Пронајдете не на следниве мрежи: