Подгответе фини и вкусни ТУРСКИ ПОГАЧИЦИ

Подгответе фини и вкусни турски погачици со мелено месоПотребни состојки за тесто:
500 г брашно
1 кесичка сув квасец
300 мл топло млеко
50 мл масло
Сол
Потребни состојки за фил:
400 г мелено јунешко месо
1 главица кромид
2 пиперки
1 домат
Малку магдонос, сол, црн пипер, мешавина зачин, мелен црвен пипер
Начин на подготовка:

Во брашното додадете малку сол и квасец, па замесете тесто (средно меко) со додавање на млеко и масло. Тестото оставете го да одмори еден час 
Со малку масло издинстајте ситно сечкан кромид и ситно сечкани пиперки. Додадете го меленото месо. Во продинстаното месо додадете и ситно сечкан и излупен домат или малку доматен сос од конзерва, па посолете, запиперете и додадете од зачините. Пред самиот крај наросете со малку сечкан свеж магдонос.
Од тестото направете 8 топчиња. На побрашнета работна површина развлечете го секое топче со големина на палачинка.
На едната половина од тестото ставете 2 лажици од филот, оставете малку простор околу краевите на тестото. Преклопете со другата половина и притиснете ги краевите за да се спојат.
Во поголема тава загрејте масло, па испечете ги погачиците од двете страни додека да поруменат.
Добар апетит!Потребни состојки

Пронајдете не на следниве мрежи: