Подгответе му вкусна романтична вечера за денот на вљубените: Шпагети со пармезан, шампињони и печеница!

Loading...

 Зачинете ги  со  босилек, бидејќи  така шпагетите се уште повкусни…Состојки:
200гр шпагети
350гр свежи шампињони
250мл павлака за готвење
Сол, бибер
Мајоран
2- 3 чешниња лук
1 главица кромид
Малку  маслиново  масло
Пармезан
Босилек
100гр печеница
Подготовка:
Кромидот сито исецкајте го и  продинстајте на малку вода неколку минути  да омекне. Кога водата  ќе испари додадете малку маслиново масло. Шампињоните  измијте ги и  ицецкајте ги  ситно. Додадете ги  во  кромидот и  заедно динстајте уште 10-ина минути. Кога водата ќе испари сипете ја павлаката и  мешајте додека не се соединат  состојките. Додадете ги зачините и  ситно сецканиот лук. Печеницата исецкајте ја на ситни  коцки и  посебно испржете  ја без маснотии, колку  да добие боја, а потоа додадете ја во  сосот. Сварените шпагети прелијте ги  со сосот и  наросете со пармезан.  Пријатна вечера.Состојки:
200гр шпагети
350гр свежи шампињони
250мл павлака за готвење
Сол, бибер
Мајоран

loading...