Научниците за британскиот весник “Дејли мејл прдупредуваат дека откако се запишуваат температурите, престојното лето во 2014 година ќе биде најтопло.Тие оценуваат дека веројатноста тоа да се случи повеќе од 75% .
Според нив времето е поврзано со плима ” Ел Нињо ” . Тоа е феномен кога водите на Тихиот Океан кај Екваторот се натпросечно топли , со што се отвора можност да дојде до нагли промени во океанските струи и ветрот низ целиот свет . Во студија објавена во научното издание ” ПНАС ” , германски научници тврдат дека се во можност да ги предвидат трендовите за ” Ел Нињо ” со една година напред , а не за шест месеци , како досега .
Научници од Универзитетот во Гисен направиле прогноза преку покривање на врските меѓу температурите во реонот на ” Ел Нињо ” и остатокот на Пацификот. Тие го користеле овој метод наместо мапирање на температурата на водата во источниот дел на Тихиот Океан бидејки кај него се постигнува прогноза за 6 месеци напред. Тоа им овозможило успешно да предвидат до сега, дека во изминатите две години немало да има настани поврзани со ” Ел Нињо ” . Нивните прогнози се дека ваков феномен ќе има во втората половина на годината . Според нив претстојното лето ќе е најжешкото во историјата .Тие оценуваат дека веројатноста тоа да се случи повеќе од 75% .
Според нив времето е поврзано со плима ” Ел Нињо ”