Ви претставуваме еден свеж утрински појадок за сите оние кои сакаат термички необработена храна.
Покрај богатството со хранливи материи кои се добро избалансирани богат е и со ензими кои се катализаторите при метаболизирањето на храната.
Потребни состојки:
50 грама суви сливи
15 грама семки од сончоглед
30 грама мед
100 грама кршени житни зрна (пченица, р`ж, јачмен)
30 грама бадеми
Начин на подготовка:
Кршените житни зрна ставете ги во длабок сад и измијте ги со благо мешање со дрвена лажица или со рака. Исфрлете ја водата и ако има потреба постапката повторете ја уште еднаш.
Ставете ги измиените житни зрна во сад во кој ќе ги киснете и налејте ги со 2,5 дела вода во однос на житарките. Оставете ги житните зрна да киснат цела ноќ.
На искиснатите житни зрна додајте им го искршените семките и оревите или бадемите и исецканото овошје.Ви претставуваме еден свеж утрински појадок за сите оние кои сакаат термички необработена храна.