Драги наши читатели, денеска со Вас ќе споделиме еден навистина интересен рецепт за подготовка на вкусен џем од праски. Погледнете што сѐ е потребно за подготовка…Потребни состојки:
1300 гр. исчистени праски
500 гр. шеќер
1 голем лимон
1 мала гранка рузмарин со цвет
Начин на подготовка:
1. Излупете ги праските, измешајте ги со шеќерот и оставете ги да отстојат најмалку 12 часа.
2. Процедете ги праските и одвојте го сокот кој го пуштиле. Ставете го сокот да се вари околу 15 мин, додека не почне да се карамелизриа.
3. Во меѓувреме излупете ја кората на лимоните, исцедете го сокот, а во газа семките и остатокот од лимонот заедно со рузмаринот – одвојте го цветот, врзете ги или затегнете со кујнско ластиче.
4. Додајте го сокот од лимон и газата со остатокот лимонот со рузмаринот во сокот кој малку се карамелизирал, додадете ги праските и варете околу 10 мин. Извадете ја газата, истискајте ја добро за да излезе течноста која се впила во неа, измешајте и продолжете да варите околу 5-6 мин.
Пред да го тргнете додадете го цветот од рузмаринот, измешајте и соберете го џемот во теглите, свртете ги со капаците надолу и оставете ги целосно да се оладат.Потребни состојки:
1300 гр. исчистени праски
500 гр. шеќер
1 голем лимон
1 мала гранка рузмарин со