Овие вкусни зајачиња се едноставни за правење. Рецептот за нивната подготовка е лесен, а обликувањето на ушињата на зајчињата е интересен процес.Состојки:
50 грама путер
600 грама брашно
2 лажици шеќер
1 квасец
1 јајце
200 грама павлака
50 милилитри вода
1 мала лажичка сол
Подготовка:
Путерот се топи во водата и во нив се додава и павлаката. Сите заедно се оставаат да се загреат и смесата убаво да се спои. Внимавајте да не зоврие.
Оваа смеса истресете ја во друг сад каде што претходно сте ги ставиле останатите состојки, заедно со јајцето. Замесете тесто, но внимавајте да не биде прецврсто.
Тестото се остава да стаса околу еден час.
Сега доаѓа најинтересниот дел. Направете топчиња со големина по ваша желба и ставете ги на хартија за печење. Нежно стиснете ја секоја кугличка за да добиете долгнавеста форма. Земете ножици и на крајот од топчињата направете рез.
На крајот земете чачкалица и направете ги очите на зајачињата и ставете ги да се печат на 180 степени, околу десетина минути.
Уживајте!Состојки:
50 грама путер
600 грама брашно
2 лажици шеќер
1 квасец
1 јајце
200 грам