Учениците кои учат во основните училишта на територијата на Општина Карпош, наредната учебна година ќе ја започнат во целосно подновени училници. Исто така ќе се изврши и реконструкција на оштетената инфраструктура во самите училишта. Ова денес во изјава за медиумите го најави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Јакимовски истакна дека локалната самоуправа во 2011 и 2012 година со инвестиција од 5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Општината изврши целосна реконструкција на сите 10 основни училишта кои се под нејзина надлежност, известуваат од Општината.- Правиме реконструкција на десетте основни училишта. Вкупната сума која ќе ја издвоиме за реализација на оваа активност околу 8. 100. 000 денари. Фирмата која работи на три основни училишта е ,, Конструктор Ком’’ , додека на останатите седум е фирмата ,, Раритет’’. Реконструкцијата е предвидена да заврши целосно до 25 август, што значи дека основците од Општина Карпош ќе влезат да учат во целосно нови бојадисани и обновени училници и училишта на почетокот на новата учебна година. Со тоа практично сакаме да создадеме најдобри услови за учење на нашите најмлади жители на Општината, и вакви реконструирачки зафати ќе практикуваме да ги вршиме секои две до три години во сите училишта на територијата на Општина Карпош, прецизираше првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски.- Правиме реконструкција на десетте основни училишта. Вкупната сума која ќе ја издвоиме за реализација на оваа активност околу 8. 100. 000 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: