Со цел подобрување на бизнис климата во Државата, Собранието на РМ на седницата одржана на 2 ноември 2015 година го донесе Законот за изменување на законот за Царинската тарифа.Согласно овие измени направени се намалувања на царинските стапки кон трети земји во 11 (единаесет) тарифни ознаки. Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола ги поздравува овие измени на Владата кои придонесуваат кон подобрувањето на бизнис климата во државата, а со тоа и овозможуваат подобрување на севкупната економска состојба во државата.
Предвидените намалувања на царинските стапки се однесуваат на производи од каучук и гума, намалување на царинските стапки има и за говедска кожа како и за електрични машини и опрема и нивни делови. Станува збор за значителни намалувања на царинските стапки, а кај некои производи тие се целосно укинати.
Согласно горенаведеното станува збор за значителни намалувања на царинските стапки што има повеќекратно позитивно влијание на целокупното стопанство. Ова дотолку повеќе имајќи го предвид фактот што производите на кои се однесуваат намалувањата претставуваат важен инпут во целото производство на компаниите.
Дел од овие намалувања се однесуваат и на производи кои во производниот процес ги користат странските инвеститори кои работат во државата, а со тоа ваквите намалувања придонесуваат за подобрување на бизнис климата во Државата, а може дополнително да влијаат покрај другото и на привлекување на нови странски инвеститори.Согласно овие измени направени се намалувања на царинските стапки кон трети земји во 11 (единаесет) тарифни ознаки. Комисијата за економија и финан