Со недели осум држави вршат пребарување во Индискиот Океан по остатоци од авионот на „Малезија ерлајнс“. Потрагата мора да се забрза, зашто црната кутија на авионот наскоро ќе престане да емитува сигнал.Два брода на австралиската и на британската морнарица започнаа подводно пребарување во потрага по црната кутија на исчезнатиот малезиски авион во водите кај брегот на Австралија. Од денеска првпат е испратен современ технолошки локатор на црната кутија, кој припаѓа на американската морнарица, бидејќи батеријата во кутијата со податоци од кокпитот наскоро ќе се истроши.
Австралиските власти соопштија дека локаторот ќе биде влечен од брод и оти површината по чија должина ќе се врши потрагата изнесува 240 километри. Нејзиниот избор е направен врз основа на сателитските сигнали регистрирани на 8 март од неидентификуван летечки објект, за кој се претпоставува дека е Боингот со 239 патници и членови на екипажот.
„Потрагата под вода ќе се врши таму каде што постои најголема веројатност дека паднал авионот“, изјави пензионираниот главен маршал на воздухопловството Енгус Хјустон, кој е шеф на австралиската агенција која ја координира операцијата.
„Батеријата на црната кутија во најдобар случај трае околу еден месец пред да престане да испраќа сигнали, така што се приближуваме кон моментот кога ќе се истроши, додаде тој.
В понеделник ќе бидат точно 30 дена откако комуникациските системи на авионот престанаа да работат и тој се изгуби од цивилниот радар помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг.
Сонарот можеби ќе помогне да се пронајде црната кутија со звучни снимки и податоци без кои не може да се утврди што се случило со авионот.
Во меѓувреме расте критиката на сметка на Малезија, која во почетокот организираше потрага во Јужното Кинеско Море. Се утврди меѓутоа дека малезиската војска регистрирала сигнали на непознат објект во правец на Индискиот Океан, што беше објавено со денови подоцна. Кина жестоко ја критикуваше Малезија поради овие пропусти. Две третини од патниците беа кинески државјани.Два брода на австралиската и на британската морнарица започнаа подводно пребарување во потрага по црната кутија на исчезнатиот малезиски авион во в