По Дебар и Охрид, поетскиот караван продолжува, а како трета станица за караванот кој патува низ Македонија го одбравме градот под Марковите кули.Имено, Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација Почувствувај ја Македонија и здружението на пензионери на Македонија и иселеници, како иницијативен одбор на проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ , со гордост Ве покануваат на третиот настан од поетскиот караван кој ќе се оддржи:
Дата: 27. Јули 2014 година
Место: Прилеп, дворот на манастирот „Св. Ѓорѓија“ – село Присад
Почеток: 12 часот
На овој културен настан со своето читање ќе не удостојат:
– Василе Димески,
– Елена Пренџова,
– Бобан Богатиновски,
– Марина Мијаковска,
– Васо Николовски,
– Марта Маркоска и
– Перо Миленкоски.
А, покрај нив, својата монодрама наречена „Крале Марко (Синот на Волкашин)“ ќе ја изведе Славчо Ковилоски и ќе може да се ужива во музиката на дуото Signature составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара, восхитувајќи се на изработката на цветните пораки за мир од страна на човекот со огромна позитивна енергија Живко Поповски – Цветин.
Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и проследен со нашиот официјален фотограф Каролина Пандовска.
Како и на предходните два, така и на овој настан, ќе ја доделиме наградата „Витез на Македонскиот Пишан Збор“ на еден од еминентните писатели од Друштвото на писатели на Македонија.
Имено, на 22ри Јуни, се оддржа првото поетско читање во Дебар, на брегот на прекрасното дебарско езеро, во близина на манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ – Рајчица, каде со своето присуство не почестија:
– Стојан Тарапуза,
– Виолета Танчева – Златева,
– Ирена Павлова де Одорико,
– Миле Јовановски – Поречанец,
– Delvina Krliku,
– Aulona Sharofi
По сите прекрасни зборови кажани, по сите воздишки од оддржаната средба, караванот продолжи, и втората средба од овој карактер ја оддржа на 13ти Јули во прекрасниот двор на црквата Св. Георгиј во стар Охрид. На овој настан со своето присуство не удостоиа:
– Видое Видически,
– Ленче Милошевска,
– Горан Анчевски,
– Љерка Тот Наумова,
– Мирче Нешовски и
– Мирјана Тренчева
А, покрај нив, својата монодрама наречена „Одбраната на Св. Кирил пред папата во Рим“ја изведе маестро Мите Грозданов, истовремено можеше да се погледне изложбата на уметниците: Милко Несторовски и Викторија Попоска, да се ужива во музиката на дуото Signature составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитараи да се восхитуваме на изработката на цветните пораки за мир од страна на човекот со огромна позитивна енергија Живко Поповски – Цветин.
Двата досегашни настани, а верувам и сите останати, беа модерирани од Сузана Апостолова и проследени од нашиот официјален фотограф Каролина Пандовска.
Додадовме и хуманитарна нота на овие настани каде со симболична продажба на 30 книги, собраните средства се донација за Невладина Организација за Ревматизам и Артритис НОРА.
На првиот оддржан настан и за прв пат беше доделена наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“ , со што Македонија го доби првиот витез на пишаниот збор, а како таков на наше огромно задоволство и огромна чест, беше прогласен г.динот Стојан Тарапуза, додека на вториот настан честа за прогласен витез на Македонскиот пишан збор беше на г.динот Видое Видически.
За сите оние кои сакаат да присуствуваат на овој настан организиравме програма, во износ од 450 денари по личност, која опфаќа: – Превоз (Скопје – Прилеп – Скопје) – Посета на манастирот Св. Ѓорѓија во село Присад – Поетско читање со еминентни писатели – Мала закуска – Посета на прилепското вештачко езеро – Факултативна прошетка низ градот Прилеп Пријавување и дополнителни информации на телефонските броеви 078 854 057 и 076 630 619 или на електронската адреса [email protected]
На следниот линк погледнете ја фан страната и кратката видео рекламаИмено, Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација Почувствувај ја Македонија и здружението на пензионери на Македонија и иселени