Поетско- музичка вечер на учениците од прилепската гимназија

Вечерва во клубот Арт кафе се одржа традиционалниот 7-ми по ред поетско-музички хепенинг кој го организираа професорите и учениците од прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Овој настан се организира во рамките на одбележувањето на патрониот празник на гимназијата. „Годинава оваа поетско-музичка вечер е со малку поразличен карактер бидејќи освен учениците учество ќе земат и родителите и професорите. Секоја година се поголема е заинтересираноста за овој настан. Оваа вечер има и хуманитарен карактер, поставени се кутии за собирање на средства кои потоа ќе бидат донирани за лекување на малечката Јоноска, ученичка во ОУ „Климент Охридски“, кажа Весна Михаиловска, професор.
Вчерва на оваа манифестација учествуваа 25 ученици, 5 родители и 3 професори.
„Единствено нешто што можам да го кажам за овие поетски вечери кои се организираат 7 години по ред е тоа што е голема гордост да се биде дел од нив, затоа што поддршката од професорите, од директорот, соработката со нив е одлична, и тоа го создава овој прекрасен плод кој го гледаме вечерва“, изјави Деспина Силјаноска, ученик во гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека гимназијата „Мирче Ацев“ е вистинска гордост за градот.
„Го поздравувам овој поетско-музички хепенинг кој го организира гимназијата Мирче Ацев пред новогодишните празници и патронот на училиштето. Големината на овој настан е и тоа што тој има и хуманитарен карактер. Со тоа се покажува дека гимназијата освен големиот број на успеси кои ги има на повеќе полиња покажува и голема хуманост на нејзините ученици. Им посакувам многу здравје, среќа и повеќе успеси во наредната година“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.  
„Вечерва сме сведоци на еден преубав настан, една поетска вечер која е во организација на гимназијата, голема благодарност до сите родители, професори и ученици кои учествуваат на овој настан. Оваа вечер е во склоп на патрониот празник. На 4 јануари е годишнината од смртта на Мирче Ацев и тогаш ќе имаме посета на Могилата на непобедените, посета и полагање на цвеќе пред споменикот во самото училиште и одржување на свечена академија“, истакна Кире Николоски, директор на гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.„Годинава оваа поетско-музичка вечер е со малку поразличен карактер бидејќи освен учениците учество ќе земат и родителите и професо

Пронајдете не на следниве мрежи: