Погачици кои се печат за 30 минути: Не сте пробале подобри!

Едноставни а толку совршени.Ви носиме рецепт од најубавите погачици со сирење. Прво направете ги и изедете ги, а потоа заблагодарете ни се!
Еве го рецептот:
Состојки:
1 кг брашно
250 гр маргарин
400 гр сирење
1 лажичка сол
1 јајце
1 квасец
100 мл вода
Подготовка:
Ставете го квасецот да надојде во 100 мл млака вода. Потоа додадете го во брашното, додадете сирење, маргарин и сол. Замесете тесто и оставете го 30 минути да нарасне.
Потоа, развијте го тестото што потенко, па завиткајте го во ролат. Оставете уште 10 минути па повторно развијте го тестото со сукало. Извадете погачици со форма или чаша, наредете ги во подмачкан плех, премачкајте со изматено јајце и ставете да се печат 30 мин на 200 степени.
Добар апетит.
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Ви носиме рецепт од најубавите погачици со сирење. Прво направете ги и изедете ги, а потоа заблагодарете ни се!
Еве го рецептот:

Пронајдете не на следниве мрежи: