Од Ферари (Ferrari), Порше (Porsche) и Јагуар (Jaguar) беа претставени најновите супермодели – Ferrari GTC4 Lusso, Porsche 911R и Jaguar F-type SVR на автомобилскиот саем во Женева.Според Ферари, нивното Lusso е „најдобар автомобил во својата класа во светот“. GTC4 Lusso има подобрен 6.3-литарски V12 мотор со 686 коњски сили. Погонот на сите четири тркала може да го забрза автомобилот до 335 км/ч. Автомобилот достигнува 100 км/ч за 3,2 секунди.
Исто така, новото Ферари доаѓа со лесна употреба на луксузниот информациско-забавен систем и ќе чини околу 321.000 евра.
What a car! The 2016 #Ferrari GTC 4 #LUSSO in motion pictures https://t.co/KbElFRjRzj #FerrariGTC4 #GIMS2016 #GIMS pic.twitter.com/xxZfVJBe0C
— Car News & Reviews (@autogefuehl) March 1, 2016
Порше го покажа новиот 911R, со 4.0-литарски мотор чија моќност изнесува 493 коњски сили и шест-брзински мануелен менувач.
Автомобилот забрзува до 100 км/ч за 3,7 секунди и постигнува максимална брзина од 324 км/ч. Ќе бидат произведени само 600 примероци од 911R по цена од 176.000 евра.
Seulement 991 exemplaires de la Porsche 911R avec une boite manuelle et un flat-six de 500ch https://t.co/GLHEURvgY1 pic.twitter.com/ZpczVVeM0V
— Top Gear France (@TopGear_FR) March 1, 2016
Јагуар го претстави својот најнов F-type SVR, со обновен 5,0-литарски V8 мотор со 575 коњски сили. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди и постигнува максимална брзина од 322 км/ч.
Цената почнува од 140.000 евра за купе верзијата и од 149.000 евра за кабриото.
#FTYPE #SVR's advanced aerodynamic design offers less drag and higher levels of downforce: https://t.co/HCeZVVCRMWhttps://t.co/DLkvauIpvB
— Jaguar (@Jaguar) March 4, 2016
Според Ферари, нивното Lusso е „најдобар автомобил во својата класа во светот“. GTC4 Lusso има подобрен 6.3-литарски V12 мотор со 686 к