ПОГЛЕДНЕТЕ ПОДОБРО: Овие згради и луксузни вили се испечатени со 3D печатач!

Архитектите кои стојат зад проектот, велат дека ова во моментов е и највисоката испечатена зграда. Со истата технологија, компанијата „WinSun“ направи и луксузна вила од 1100 квадрати.Голем 3D печатач кој се наоѓа во фабрика, слој по слој ја печатеше зградата која подоцна беше градена на градилиште. Како што се чини, наскоро од новите 3D печатачи би можеле да се создаваат и облакодери!
Откако во април биле испечатени 10 куќи за еден ден, кинеската копманија сега со помош на 3D печатач направи зграда од пет ката, користејќи градежен отпад. Архитектите кои стојат зад проектот, велат дека ова во моментов е највисоката испечатена зграда.
Целосно уредената вила ќе чини нешто повеќе од 160.000 долари.

Цел кат за еден ден
Од страницата 3ders.org, наведуваат дека на компанијата ѝ беше потребен само еден ден за да го направи катот, а уште пет дена за да го состават. За да можат успешно да ја завршат задачата, од компанијата користеле 40 метри долг и 6 метри висок печатач. Тие користеле градежен отпад кој содржи челик, стаклени влакна, цемент и други адитиви.
Машината го печати материјалот слој по слој, притоа создавајќи градежни блокови. Потоа, тие на градилиштето се составуваат заедно со челични појачувања и изолација.
Според пресметките на компанијата, на овој начин може да се заштеди на градежен материјал помеѓу 30 и 60 отсто, додека цената е намалена за 50 до 80 отсто. Заедно со тоа, тие пресметале и дека времето за изградба е пократко за 50 до 70 отсто.
Голем 3D печатач кој се наоѓа во фабрика, слој по слој ја печатеше зградата која подоцна беше градена на градилиште. Како што се чини, наскоро од н

Пронајдете не на следниве мрежи: