Погледнете што направиле 6.000 доброволци и војници за една ноќ во Шабац

Повеќе од 6.000 граѓани и припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија и војската на Србија, макотрпно работеа за да го одбранат Шабац од бранот на поплавата. И успеале во тоа!Ситуацијата е под контрола, успеавме синоќа да го осигураме Шабац од евентуално излевање на Сава, изјави началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генералот Љубиша Диковиќ.
„Како што почнавме и не бев некој голем оптимист, имавме доста проблеми. После ситуацијата се порави и се си дојде на своето место“, наведе Диковиќ.

„Ангажирани се повеќе од 6.000 граѓани и доброволци, кои навистина макотрпно работеа и со задоволство можам да констатирам дека Шабац е спасен“, додаде тој.
Насипот и понатаму се поставува, а генералот им се заблагодари на сите граѓани на Србија кои изразија желба да учествуваат во неговата одбрана, додавајќи дека веќе нема потреба да се јавуваат нови доброволци.

Според неговите зборови, нема веќе страв од поплавување на околните села, бидејќи моменталното ниво на Сава е 631 центиметар, а бедемите се изградени кога нивото беше на 730 центиметри.
Шабац е сочуван, благодарејќи им на овие храбри луѓе!
Ситуацијата е под контрола, успеавме синоќа да го осигураме Шабац од евентуално излевање на Сава, изјави началникот на Генералштабот на Војската на

Пронајдете не на следниве мрежи: