Се сеќавате ли на лекциите по математика од кои учевме дека делењето со нула е невозможно, дури и ако не беше објаснето точно зошто е тоа така? Ако се обидете оваа операција да ја изведете на дигитрон, на екранот ќе пишува „Error“ (Грешка), но ако се обидете да го направите тоа на старински и механички дигитрон, ќе делува како да сте направиле дупка во просторот и времето.Ова видео покажува каков хаос следува кога ќе се обидете да делите со нула, а имате и интересен увид во тоа како функционира механичкиот дигитрон.
Како што е објаснето на еден Јутјуб канал, делењето е засновано врз одземање. Ако поделите еден број со друг број, вие едноставно го одземате вториот број од првиот повеќе пати. На пример, ако го поделите бројот 20 со бројот 5, ќе биде: 20-5=15, 15-5=10, 10-5=5, 5-5=0. Бидејќи одземањето е повторено четири пати, одговорот е 4.
Но, ако бројот 20 се обидете да го поделите со 0, ќе одземате бесконечен број пати. Иако тоа не значи дека нулата е еднаква на бесконечноста, тоа е тешко да му се „објасни“ на механичкиот дигитрон.
Погледнете го видеото:Ова видео покажува каков хаос следува кога ќе се обидете да делите со нула, а имате и интересен увид во тоа како функционира механичкиот дигитрон.