Појадокот никогаш не бил полесен: Солени мафини со сланина и јајце

Кога еднаш ќе ги пробате овие солени мафини, нема да можете да престанете да ги јадете.Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, тоа го знаеме сите. Меѓутоа, многумина се одлучуваат да го прескокнат овој оброк или да каснат нешто по пат до работа од пекара или киоскот за брза храна.
Ниту едната ниту другата опција не се добри. Затоа ние ви претставуваме феноменален рецепт за солени мафини, а најдобриот дел е што ви требаат само 15-тина минути за нивната подготовка.
Состојки:
Тенко сечена сланина
тост леб
јајца
рендан кашкавал
сол и бибер (по вкус, имајте предвид дека сланината е веќе солена)
Малку свеж магдонос
Подготовка:
Од кришките тост леб со чаша извадете ја средината за да добиете облик на круг. Ако сакате наместо чаша може да користите модли за колачи со разни облици. Лебот прекријте го со рендан кашкавал, па заедно ставете во тепсија за мафини. Доколку немате таква тепсија, може да ги печете во хартиени корпички за колачиња.
Потоа, кратко испржете ја сланината во тавче, па листовите сланина редете ги по работ на тепсијата. Најдобро е да купите веќе исечена сланина, бидејќи таквите листови се поголеми, потребни ќе ви бидат само 2-3 парчиња за да направите круг во калапот за мафин.
Преку сето тоа, во средината ставете јајце и зачинете со малку сол и бибер. Мафините ставете ги да се печат во рерна на 200 степени околу 10 минути, а кога ќе бидат готови можете да им ставите листови магдонос.

Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, тоа го знаеме сите. Меѓутоа, многумина се одлучуваат да го прескокнат овој оброк или да каснат нешт

Пронајдете не на следниве мрежи: