Во рамките на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, преку проектот ,, Едукативен автобус’’ , денеска, учениците од ООУ ,, Братство’’ појдоа во сообраќајна обиколка низ улиците на Скопје.Целта на проектот е запознавање на децата со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи, односно нивна едукација низ главните сообраќајници на градот. Овој проект е организиран од РСБСП (Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата) , ЈСП (Јавното претпријатие „Скопје“) и АМСМ (Автомото сојузот на Македонија), кои во соработка со Општина Карпош, како традиционален партнер, континуирано спроведуваат проекти за подигнување на степенот на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека Карпош како локална самоуправа, секогаш учествувала во сите акции и проекти со кои се зголемувала безбедноста и сигурноста во сообраќајот.
– Овој проект, во кој се вклучени учениците од прво и трето одделение од ОУ ,, Братство’’ , практично значи, уште од најмала возраст на децата, едукација за сообраќајната култура, правилата и прописите во сообраќајот. Тие на овој начин ќе се запознаат со сообраќајниот ред, и тоа ќе може да им го пренесат на своите родители, и членови на семејството, да ги почитуваат сообраќајните правила, се со цел децата како најзагрозена категорија во сообраќајот, односно како пешаци да бидат максимално заштитени., потенцираше првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Овој проект, ќе се реализира секоја недела, во вторник, со ученици од различни училишта од градот Скопје.
Целта на проектот е запознавање на децата со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи, односно нивна едукација низ г