Полицаецот Шенон Дилдајн од Северен Чарлстон, добил отказ откако на Фејсбук објавил фотографија на која носи боксерки со знамето на Конфедерацијата. Фотографијата ја видел шефот на полицијата, Еди Дригерс, кој му се обратил преку писмо.„Вашата фотографија доведе до тоа јавноста да ве идентификува како службеник на полицијата на Северен Чарлстон. Воедно, тоа доведе вас и вашиот оддел да се поврзува со фотографија која за значаен дел од граѓаните за кои дадовме заклетва дека ќе им служиме, симболизира омраза и угнетување“, напишал Дригерс.
Симболот на Конфедерацијата, односно робовладетелските Конфедеративни Американски Држави, кои постоеле за време на Граѓанската војна во 19. век, предизвикуваат гнев кај многумина.
Револтот на граѓаните е поголем по масакрот во црквата на афроамериканската заедница во Чарлстон, којшто се случи минатата недела.
Имено, осомничениот за масакрот Дилан Руф, исто така на фотографиите позирал со знамето на Конфедерацијата.
„Вашата фотографија доведе до тоа јавноста да ве идентификува како службеник на полицијата на Северен Чарлстон. Воедно, тоа доведе вас и ваши