Полицајците во ЛА во страв, ги демне поранешен колега

Илјадници полицајци во Лос Анѓелес се во потрага по свој поранешен колега, кој ги предупредил дека ќе војува против нив, бидејќи му направиле голема неправда.Властите во Калифорнија ги предупредиле сите припадници на полицијата да внимаваат на себе, а дополнителна заштита им доделиле на они за кои се верува дека се на списокот, кој го составил гневниот полицаец, Кристофер Донер.Потрагата по Донер, кој од полицијата добил отказ уште во 2008 година, поради давање на лажни изјави, започнала минатата недела, бидејќи, тој бил поврзан се едно убиство.Жртви биле едно момче и ќерката на поранешен полициска капетан, кој на Донер му бил правен застапник за време на дисциплинската постапка. Донер, по судењето кое траело неколку години го загубил спорот.Властите веруваат дека тој, на почетокот на неделата, во градовите источно од Лос Анѓелес, убил еден полицаец. За убиствата Донер на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ оставил опширен текст.Полицијата во Лос Анѓелес е запознаена дека Донер, кој е и поранешен војник, има неколку видови на оружје, поради тоа 10.000 полицајци во градот се под узбуна. Како превентива, бидејќи можат да бидат лесни мети, од улиците на градот се повлечени полицајците кои патролираат на моторцикли.
МакфаксИлјадници полицајци во Лос Анѓелес се во потрага по свој поранешен колега, кој ги предупредил дека ќе војува против нив, бидејќи му направиле

Пронајдете не на следниве мрежи: