Полицијата ја РЕШИ ДИЛЕМАТА: Теодора по грешка е убиена!

Теодора Каќански (30) не била мета на нападот, туку по грешка е пукано во неа, неофицијално пренесе „Ало“.Напаѓачот мислел дека во автомобилот се наоѓал нејзиниот дечко Ненад Стевиќ и користел „тетеец“ кој пробива панцир, знаејќи дека Стевиќ веќе неколку месеци носи таква заштита. Можноста дека ова е предупредување е исклучена, бидејќи убиецот во Теодора пукал 5 пати.
-Веќе неколку месеци Стевиќ носи панцир, а тоа добро го знаеше и неговиот напаѓач. Меѓутоа, поради мрак и лоша видливост во таа улица, не забележал дека неговата мета не се наоѓа во возилото. Кога поминал, веројатно целел веднаш во градите, па несреќната девојка е погодена во вратот – вели извор од истрагата.
Да потсетиме, во Теодора е пукано на паркинг во една новосадска населба каде што живеела со Ненад, кој има неколку кривични пријави за разни криминални дела. Ненад во тој момент отишол до зградата, а таа останала да го препаркира автомобилот. Тогаш, од грмушка излегол нејзиниот напаѓач и пукал во неа додека се обидувала да го паркира автомобилот.
Теодора им подлегна на повредите неколку дена по пукањето.Напаѓачот мислел дека во автомобилот се наоѓал нејзиниот дечко Ненад Стевиќ и користел „тетеец“ кој пробива панцир, знаејќи дека Стевиќ

Пронајдете не на следниве мрежи: