четврток, 12 ноември 2026
Најново

Полицијата со детали за грозоморното убиство во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата излезе со детали за крвавото убиство во Скопје. Синоќа во 22 часот и 15 минути во Единица за информации и команда, З.Т. пријавила дека нејзините соседи на улицата „Чедомир Кантарџиев“ се тепале и барале помош од полиција.Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека имало семејна расправија помеѓу 68-годишниот Љ.Т. од една страна и неговиот син, 41-годишниот И.Т. од друга страна.
Притоа, Љ.Т. бил пронајден на прагот од дневната соба со убодни рани од нож, а од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Сопругата на Љ.Т. изјавила дека  додека седеле во дневната соба, дошол синот и  ја откорнал влезната врата и влегол внатре. Неа ја избркал од собата, почнал да го влече Љ.Т. и во еден момент го избодел со остар предмет. После тоа, синот го напуштил местото и сам се пријавил во Ургентен центар „МајкаТереза“ за укажување на помош. Имал расекотина на десната рака.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител. По негова наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
И.Т. бил приведен и задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека имало семејна расправија помеѓу 68-годишниот Љ.Т. од една страна и неговиот

Поврзани вести