ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕГЛА ВО ДОМОТ НА ШУМАХЕР, бидејќи соседите слушнале викање

Неверојатен скандал го одбележа разводот на поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер со сопругата Кора. Најтиражниот германски весник “Билд”, откри дека двојката се степале, а за да се смират страстите морала да реагира полицијата.Инцидентот се случил во нивниот дом во Келн. Соседите алармирале дека сопружниците се степале и пред нивната врата веднаш се појавила полициската патрола.
Главниот полициски комесар Антон Хасмахер (59) потврди дека интервенирале во домот на Шумахер. Тој додаде и дека Ралф и Кора, меѓусебно се обвинувале за нападот.
Моментно водиме истрага за кривично дело “семејно насилство”, изјави Хасмахер. Што точно се случило знаат само сопружниците. Двојката немала никакви телесни повреди и затоа на полицијата и било тешко да открие дали навистина се работи за семејно насилство.
Парот пред два месеци се разведе после 12 години брак и тоа откако Кора (37) му приговарала на поранешниот возач на Формула1 бидејќи и го оганичил лимитот на трошење на картиците по „само“ 8000 фунти месечно.
Ралф наводно многу се оддалечил од сопругата бидејќи многу време поминува покрај болничкиот кревет на својот постар брат Михаел Шумахер.
Богатството на Ралф е проценето на 150 милиони фунти, а на Кора во бракоразводната парница и припадна семејната куќа вредна милион фунти. Инцидентот се случил во нивниот дом во Келн. Соседите алармирале дека сопружниците се степале и пред нивната врата веднаш се појавила полициската п

Пронајдете не на следниве мрежи: