Политичките грижи ги притиснаа европските берзи

Европските берзи ослабнаа во понеделникот под притисок на корупцискиот скандал во шпанската владејачка партија и неизвесноста околу претстојните италијански парламентарни избори.
Лондонскиот индекс FTSЕ падна за 0,85 отсто, на 6.293 поени, франкфуртскиот DAX за 0,77 проценти на 7.773 поени, додека парискиот индекс CAC беше во најголем минус  од 1,37 отсто и изнесуваше 3.721 индексни поени.Силен пад забележаа шпанскиот берзански индекс IBEX и италијанскиот FTSEBIB, за 1,84 отсто, односно за 2,88 отсто, со оглед дека корупцискиот скандал во шпанската владејачка партија и неизвесноста во пресрет на изборите во Италија се заканија на изгледите за раст на еврозоната и поттикнаа раст на приносите на обврзници.Изминатата недела медиумите известија дека најмалку десет функционери на партијата на премиерот Маријано Рахој, вклучително и тој лично, добивале пари од тајниот фонд со кој управувал благајникот на партијата.Анкетите во Италија покажуваат дека поранешниот премиер Силвио Берлускони ја намалил разликата зад челникот на актуелната техничка влада Марио Монти.Меѓу губитниците денеска се издвоија европските произведувачи на автомобили, кои во просек ослабнаа за еден отсто. Renault загуби на вредноста 2,45 отсто, Peugeot Citroen 2,3 отсто, а Volkswagen 1,55 отсто.Телекомуникациските акции беа во загуба од 0,8 отсто, поради загриженоста предизвикана од кратење на дивидендите, при што Vodafone ослабна за 1,7 отсто.„Берзите се многу силни уште од ноември и технички сме подготвени за корекции во краткорочна перспектива“, вели Никола Маринели од Глендевон Кинг.
 
Макфакс
 Европските берзи ослабнаа во понеделникот под притисок на корупцискиот скандал во шпанската владејачка партија и неизвесноста околу претстојн

Пронајдете не на следниве мрежи: