По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 72-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 113-годишнината од Илинденското востание, делегациja на Градот Скопје денеска /02.08.2015 година/ на повеќе места положија цвеќиња.Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.
Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Славески, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.Делегацијата на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровс
Пронајдете не на следниве мрежи: