Делегација на Град Скопје во чест на големиот македонски државен празник 11 Октомври, денеска /11.10.2016 година, вторник/ положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот „Жена борец“.По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.
Покрај споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, делегација на Градот Скопје положи цвеќе и пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, пред гробот на генерал Михајло Апостолски, како и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски.По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за од