Помагачите на терористите од Париз поминале преку Балканот во Австрија!

Австриската полиција уапси двајца помагачи на терористите коишто ги извршија нападите во Париз, тврди весникот „Кронен цајтунг“.Европските служби за безбедност веќе подолго време предупредуваат дека со бегалците во Европа доаѓаат и терористите, а сега конечно се потврди тој податок.
Двајца помагачи на терористите од Париз, скриени меѓу бегалците, биле уапсени во еден транзитен центар за сместување во Салцбург. Двајцата државјани на Франција, заедно со членови на една терористичка група, преку Грција успеале да дојдат во Австрија со помош на лажни сириски пасоши.
Според виенскиот лист, уапсените се наоѓаат во затвор, а нивниот вистински идентитет е откриен благодарение на странските разузнавачки служби.
Од почетокот на октомври, заедно со атентаторите од Париз, користејќи исти криумчари и со фалсификувани пасоши, од Грција, преку Балканаот, успеале да дојдат до Австрија.
Европските служби за безбедност веќе подолго време предупредуваат дека со бегалците во Европа доаѓаат и терористите, а сега конечно се потврди тој

Пронајдете не на следниве мрежи: