Поминаа 17 години од смртта на Баба Ванѓа

Денес се навршуваат 17 години од смртта на бугарската гатачка Баба Ванѓа – Вангелија Пандев Гущерова.Денес се навршуваат 17 години од смртта на бугарската гатачка Баба Ванѓа – Вангелија Пандев Гущерова.
Баба Ванѓа, која беше позната уште и како – Петричката врачка, Бугарска пророчица, Ванѓа негувателката, Баба Ванѓа или Тетка Ванѓа почина на 11 август 1996. Таа беше родена во 1911 година во Струмица, Република Македонија. На 12-годишна возраст Ванѓа го губи видот како последица на ненадејна бура, при што е грабната од силен ветер и подоцна, по долго пребарување најдена потрупана со камења и земја.
Кон крајот на животот Ванѓа го изгради параклисот “Св Петка Бугарска” во месноста Рупите, Петричко.
Меѓу најпопуларните тврдења, припишувани на Ванѓа се оние за смртта на цар Борис III, распадот на Чехословачка и на Советскиот Сојуз, враќањето на Симеон Сакскобурготски, но не како цар, потонувањето на подморницата “Курск” и нападите од 11 септември.Денес се навршуваат 17 години од смртта на бугарската гатачка Баба Ванѓа – Вангелија Пандев Гущерова.

Пронајдете не на следниве мрежи: