Возач (55) на камион од Нови Сад, вчера беше пронајден обесен во кабината од својот шлепер, на автопатот во Белград.Најверојатно станува збор за самоубиство, бидејќи првите резултати од истрагата покажале дека нема траги што би укажале на убиство.
Камионџијата се обесил со кабел за скалите кои се наоѓаат меѓу кабината и приколката од камионот со кој превезувал моторно масло. Трупот околу 10:30 часот вчера го забележал возач кој случајно со своето комбе поминал покрај шлеперот.
„Избезуменот возач дотрча до зградата на Ласта што се наоѓа во близина. Рече дека видел човек како виси на шлеперот. Набрзо дојде брза помош и полиција. Тие ја констатираа неговата смрт. Возачот беше сам во камионот“, велат од полиција.
Моментот на самоубиството го снимиле безбедносните камери кои се наоѓаат на блиската станица.
Неофицијално, српски Курир пишува дека возачот требаше моторното масло да го достави за ГСП и „Ласта“, зошто тука се наоѓаат нивните складишта и гаража.
Истрагата е во тек.Најверојатно станува збор за самоубиство, бидејќи првите резултати од истрагата покажале дека нема траги што би укажале на убиство.
Камионџ