Поминете забавен и евтин домор на Халкидики

Овој пат во нашата рубрика дестинации одбравме една за вас позната и не толку далечна дестинација. Станува збор за првиот крак на грчкиот полуостров Халкидики, Касандра. Неговата завидна местоположба на егејското море, бујната природа,  долгите песочни плажи и за нас, блискоста и брзиот пристап до ова туристичко место, прават да биде една од најпопуларните  туристички дестинации за поминување на летниот одмор.
Касандра изобилува со голем број на туристички места меѓу кои се добро познатите Ханиоти, Пефкохори, Полохроно, Фурка; хотелски капацитети, богат ноќен живот и прекрасна природа кои го прават ова место примамливо не само за младите луѓе кои бараат забава, туку и за оние кои сакаат да поминат мирен одмор со својата фамилија и деца.
Во прилог ви нудиме кратко инфо за некои од попознатите гратчиња на овој атрактивен крак на грчката ривиера, а за подетални информации за понудите на летувалиштата на овој крак што ги нуди една од нашите најпознати туристички агенции, можете да погледнете на овој линк.
Ханиоти долго време се вбројува во едно од најубавите места за одмор на првиот крак. Ова мало, монденско место изобилува со голем број на хотели, ресторани, диска, а морето и убаво уредените плажи се една од причините зошто ова гратче е посетено од огромен број на туристи секоја година. Да не должиме, повеќе можете да прочитате тука.

Фурка е оценето како едно од највпечатливите мали гратчиња на првиот крак. Спојот на залените ридови и песочните плажи до синото море, без сомнеж го прави ова извондредно место прв избор за летна дестинација. Повеќе детали, како и понудата на хотелските капацитети на ова атрактивно туристичко место погледнете на овој линк.

Полихроно е еден од бисерите на Касандра кој има богата историја на војувања и освојувања за денес да го добие овој изглед и да стане едно од најатрактивните летни дестинации во соседна Грција. Прекрасната плажа, природата и големиот избор на хотелски и угостителски објекти го привлекува секој турист кој сака да доживее одмор каков што посакувал.

Пефкохори важи за најпосетуваното место на првиот крак на полуостровот Халкидики. На само 10 километри оддалеченост од Полихроно, ова таканаречено „село на борови“ е одлично место за мирен фамилијарен одмор и уживање со своите најблиски.

Се надеваме дека ви се допадна се она што го нуди овој магичен крак на грчкиот полуостров и токму некоја од овие дестинации ќе биде вашиот избор за ова лето.
 
 Овој пат во нашата рубрика дестинации одбравме една за вас позната и не толку далечна дестинација. Ст

Пронајдете не на следниве мрежи: