Вонредна седница која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од невремето, одржа денес Советот на Општина Кисела Вода.Со цел да им се помогне на настраданите граѓани од поплавите во град Скопје, едногласно беа донесени две одлуки за давање на парична помош. Од својот буџет, оваа локална самоуправа издвои 2 000 000,00 денари за санирање на последиците на материјалната штета која ја имаат најпогодените жители на општина Кисела Вода. Средствата ќе бидат исплатени врз основа на категоризацијата на штетата, евидентирана во направените записници од страна на Комисиите за проценка на штетите кои се сочинети од по тројца вработени во општината и по двајца советници и од позицијата и од опозицијата.Парична помош во висина од 600 000,00 денари, општина Кисела Вода издвои како помош за Општина Гази Баба, како најпогодено подрачје од поплавите. И оваа одлука беше акламативно поддржана од страна на сите советници.Воедно, во тек е хуманитарна собирна акција која општина Кисела Вода ја организираше за помош на населението кое претрпе штети. Истата се одвива во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, кои работат со продолжено работно време, од 06:30 до 22 часот.На овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности веќе донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.Со цел да им се помогне на настраданите граѓани од поплавите во град Скопје, едногласно беа донесени две одлуки за давање на парична помош. Од свој
Пронајдете не на следниве мрежи: