Реализација на голем број инфраструктурни проекти, економско јакнење на општината преку континуиран развој на Индустриската зона Жабени, а пред сѐ на инвеститорот Кронберг и Шуберт, како и инвестиции во образованието, културата, труд и социјална заштита, здравството и останатите сфери на општественото живеење, се главните обележја на развојот на општина Битола во годината која изминува.Како резултат на успешната работа на германскиот инвеститор во Индустриската зона „Жабени“, во моментот бројот на вработени граѓани во фабриката „Кронберг и Шуберт“ ја достигна бројката од 2900 граѓани.
Новата 2016 година, особено во зимско пролетниот период се очекува да ја донесе реализацијата и на двете нови инвестиции во зоната. Имено, според најавите на инвеститорите, непосредно до Кронберг и Шуберт ќе бидат изградени две нови фабрики, едната инвестиција од Италија во делот на прехранбената индустрија, а другата турска инвестиција во делот на производство на алати за земјоделска механизација.
Во 2016 та година Битола ќе биде големо градилиште и во однос на инфраструктурното уредување на улиците како дел од проектот „Реконструкција на над 100 улици во општината“, кој идната година ќе биде финализиран, како и во големите инвестиции и инфраструктурни зафати кои следуваат во поранешната касарна, денес „Златен рид“. Грижата за здрава животна средина, општина Битола во соработка со Владата на Република Македонија, ја продолжува и со реализацијата на проектот за топлификација на Битола. Проектот е готов, првите интервенции во РЕК веќе се направени, а реализацијата започнува со примарниот топловод кој треба од РЕК да дојди до Битола со можност за посебни краци за Новаци и за Могила.
Идниот период следува и реализација на проектот за реконструкција на Клиничката болница во Битола. Владата досега има инвестирано над 5.6 милиони евра во опрема во болницата, а изгради и акцелератор кој за скоро треба да се стави во функција. Следен проект кој ќе се реализира од страна на Министерството за култура ќе биде – реконструкција и санација на Музичкото училиште, Горната гимназија и Безистенот. Во 2016 продолжува реконструкцијата и на железничката станица во Битола. Изминатата 2015 година за Општина Битола, ќе остане запаметена и по големото признание од УНЕСКО, односно членството на општина Битола во мрежата на креативни градови на УНЕСКО, што претставува историска шанса за Општина Битола и нејзиното големо културнмо историско богатство.
Ова се само дел од големите проекти и настани кои ја одбележаа 2015 година и ќе следуваат во 2016, а за кои на денешната традиционална предновогодишна прес конференција информираше Градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
Од вчеравечер, општината започна и со реализација на повеќедневната новогодишна програма која изобилува со содржини и настани за сите возрасти и вкусови. Како резултат на успешната работа на германскиот инвеститор во Индустриската зона „Жабени“, во моментот бројот на вработени граѓани во