Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи оштетувања и поплави кои зафатија повеќе населените места на територијата на општина Демир Хисар.Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека синоќа во соработка со месното население во Горни Демир Хисар и ЈКП „Комуналец”- Демир Хисар, го расчистиле свлечиштето што го прекри со кал локалниот пат во село Вирово, а пружена е помош во санирање на последиците од поројните дождови и на патот за селото Мало Илино.
Водостојот на реката Црна е зголемен кај селата Долеци и Бучин каде е ресгистрирано излевање на водата од речното корито, ново свлечиште е регистрирано во непосредна близина на селото Базерник, а внимателно треба да се вози и на патниот правец Граиште-Будаково, посочуваат од општина Демир Хисар.
Во текот на денот екипи на комуналното претпријатие од Демир Хисар ќе ги санираат последиците и ќе вршат заштита на речното корито на реката Црна од нови излевања, а екипи што го одржуваат уличното осветлување ќе извршат санација и повторно вклучување во неколку демирхисарски села.
Од оддлението за управување со кризи во Битола за МИА потврдија дека реката Црна во битолскиот дел на Пелагонија не предизвикала никакви проблеми, водостојот е стабилен и дежурни екипи ја набљудуваат состојбата на речното корито.Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека синоќа во соработка со месното население во Горни Демир Хисар и ЈКП