Поплави: Европа ја чекаат екстремни временски услови

Научници од универзитетот Њукасл предупредуваат дека времето во Европа ќе стане уште поекстремно.Како што објави денеска „Скај њуз“, научниците прогнозираат дека во наредите децении Европа ја очекуваат голем број на жешки бранови, многу повеќе суша, но и големи поплави.
Париз, кој неодамна беше зафатен од големи поплави, нема да биде единствениот европски град кој ќе се најаде под вода. Се прогнозира дека дури 85 отсто од градовите во Велика Британија до 2051 година, можат да бидат погодени од поплави како онаа во Париз.
Поплавите би можеле да го зафатат Лондон, но најзагрозен во иднина ќе биде Даблин.
Според научниците, Атина, Рим, Прага и Стокхолм ќе бидат погодени со топлотни бранови.
Сушите ќе ги погодат Лисабон, Мадрид, а сето ова може да се случи поради климатските промени.
Доколку нешто драстично не се измени, научниците велат дека некои европски градови можат да станат непрепознатливи, а одделни делови на Европа можат да останат без основни услови за живот.
Научниците наведуваат дека ако се намали емисијата на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, посебно на јаглеродот диоксид, може да се намали нивното влијание врз животната средина во иднина, но човештвото секако мора да биде подготвено за нивно влијание и да ги подготви градовите да бидат поотпорни на поплави и суши.Како што објави денеска „Скај њуз“, научниците прогнозираат дека во наредите децении Европа ја очекуваат голем број на жешки бранови, м

Пронајдете не на следниве мрежи: