Поплави во БиХ, голем дел од Хрватска без струја!

Обилните врнежи предизвикаа поплави во некои делови на Босна и Херцеговина, при што ситуацијата е најкритична во Кантонот Сараево…Три лица се евакуирани поради ненадејните поплави на подрачјето на сараевската општина Илиџа, каде се загрозени повеќе куќи, а се појави и лизгање на земјиштето и во центарот на Сараево, соопшти денеска Кантоналниот оперативен центар на Цивилната заштита. 
Голем дел од кантонот Сараево остана без струја, бидејќи се поплавени голем број трафо-станици. Дополнителен проблем е и тоа што повеќе населби по прекинот на струјата останаа и без вода.
Од своите корита се излеаја реките Босна, Добриња, Миљацка, а на одредени места, водостоите го надминаа критичното ниво. 
Дождовите предизвикаа бројни одрони и излевање на вода на патиштата, така што сообраќајот е значително отежнат. 
Од синоќа интензивно паѓа снег на Романија и Јахорина, а на некои планински превои падна снег од 25 до 30 сантиметри. 
Федералниот хидрометеоролошки завод соопшти дека црвениот метеоаларм е запален за подрачјето на Вишеград, што значи дека времето е исклучително опасно и оти се прогнозира особено интензивна метеоролошка појава. 
Во Хрватска поради обилните врнежи, проследени со град, изутрината цела Славонија и Барања останаа без струја, а дефектот набргу е отстранет. 
Хрватските медиуми јавуваат дека 67 литри дожд на метар квадратен паднале во одредени места. 
И во Хрватска падна снег. Снег има на врвовите на Биоков, а на највисокиот, врвот Свети Јура се измерени минус 1,1 степени Целзиусови, што беше и најниска температура во земјата, додека во делови од Далмација дува силна бура. 
Снег падна и на Жабљак, во Црна Гора.Три лица се евакуирани поради ненадејните поплави на подрачјето на сараевската општина Илиџа, каде се загрозени повеќе куќи, а се појави и лизгање

Пронајдете не на следниве мрежи: