Десетина семејни домови во Ромското маало во Берово најпосле добија соодветен пристапен пат преку реализација на проект за поплочување на дел од улицата 23-ти Август кој Општина Берово го реализираше преку Програмата за улици и патишта за 2017 година.Проектот опфаќаше поставување на бехатон плочки во должина од околу 100 метри и ширина од 3 метри со претходно израмнување на теренот и поставување на рабници што дополнително ја заштитува коловозната површина од оштетување и ерозија.
Со ова, трајно се решава проблемот на жителите од овој дел од Берово каде земјениот пат и стрмниот терен создаваа постојани проблеми со пристапит до нивните семејни домови, додека се решава и еден проблем со калта и наносите од талог кои создаваа проблеми со поплавување на домови и запушување на атмосферските одводи.
Овој проект е еден од низата проекти кои Општина Берово ги презема во рамките на Програмата за улици и патишта и кои имаат за цел да ја подобрат инфраструктурата во градот и останатите населени места во општината.Проектот опфаќаше поставување на бехатон плочки во должина од околу 100 метри и ширина од 3 метри со претходно израмнување на теренот и поставување