Попоски: Македонија нема да се претвори во бегалски камп!

Секој треба да си ги исполнува своите обврски. Ќе обезбедиме за секој основан барател на азил во Република Македонија сместување и сите оние третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ.Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата во Скопје со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек.
– Ќе обезбедиме хуман и безбеден транзит за сите, ќе ги примениме оние одлуки кои се донесени на европско ниво, ќе соработуваме како што сме соработувале досега и со Грција и со сите други земји членки кои ни помагаат, вклучително и Чешката Република, рече Попоски.
Нагласи дека на средбата со Заоралек покрај за мигрантската криза се говорело и за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за економската соработка меѓу Чешка и Македонија.
Чешкиот министер истакна дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија.  Додаде дека заедно со него е дојдена и поголема група бизнисмени од Чешка кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија.
Двајцата министри оценија дека политичката соработка меѓу двете земји е одлична и нагласија дека економската соработка може да се унапредува иако во последниве неколку години бележи нагорен тренд и размената од 50 милиони евра е зголемена на 100 милиони евра годишно. Ги посочија енергетиката и туризмот како главни гранки во кои може да се унапреди економската соработка меѓу двете земјиОва го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата во Скопје со неговиот чешки колега Љубоми

Пронајдете не на следниве мрежи: