Попоски: Македонија од 2002 година придонесува за мир и стабилност во Авганистан

Република Македонија придонесува за обезбедување на мирот и безбедноста во Авганистан преку воено присуство од 2002 година, но и со обука и финансиска помош, со што пресметано според бројот на жители е една од најголемите што една држава ја дава на оваа држава.Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, е потврдено на денешната конференција за Авганистан, што се одржа под мотото „Партнерство за просперитет и мир“ што се одржа во зградата „Јустус Липсиус“ на Европскиот совет во Брисел, на која меѓу високите делегации од 75 земји од светот и 25 меѓународни организации, во име на македонската држава присуствуваше и вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски.
– Ова е значајна конференција во однос на прашањето во Авганистан. Затоа имаме и 75 земји и 25 меѓународни организации што учествуваат на оваа конференција. А, важна е затоа што Македонија од 2002 година придонесува кон градење на мир и стабилност во Авганистан, во операција што се уште трае. Дополнително, сериозна сума на средства се инвестирани, како преку мировните операции, така и преку придонесите што Македонија ги дава, а кои и во моментов траат, за остварување на таа цел за стабилизирање и овозможување на демократски развој во Авганистан, изјави вицепремиерот Попоски во изјава за МИА.
За време на настанот, според соопштението на Министерство за надворешни работи на Македонија, била реафирмирана и заложбата за засилување на соработката со Авганистан, како и колективната посветеност за создавање на политичка, социјална и економска средина што би овозможила на земјата да го консолидира мирот, безбедноста, одржливиот развој и просперитет.
Освен со „чизма на терен“ преку военото присуство со своите партнери, Република Македонија во Авганистан помага и финансиски и тоа, како што денеска беше соопштено на бриселската конференција, изнесува околу два милиони евра годишно. Она што пак американскиот државен секретар Џон Кери, Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на Еворпската унија, Федерика Могерини, Борис Џонсон (Велика Британија) и останатите претставници на светските сили го ветија денеска во Брисел е помош од околу две милијарди евра, која е можно да достигне и двојно повеќе до 2020 година, кога се очекува да се крене авганистанската држава и економија на нозе, па да престане и военото присуство на странските сили во земјата.
Покрај финансиската помош за Авганистан, денеска шефовите на дипломатиите на 75 земји, меѓу кои и македонскиот Никола Попоски, се договорија и за целосно враќање на авганистанските мигранти, кои се втори по број во милионскиот мигрантски бран што изминатите две години ја заплисна Европа. Според Попоски, ова и за македонската држава е втора важна точка од денешниот договор што е постигнат со авганистанските власти во Брисел.
– Во однос на мигрантското прашање, тука е постигнат договор за реадмисија, односно враќање на мигрантите од Авганистан што се дојдени од економска природа во Европа. Овој договор мора да се однесува и на земјите што овозможија да се зачува Шенген-зоната во однос на мигрантското прашање кога беше најкритично. Ќе се помогне и за сите граѓани на Авганистан што во моментов се заглавени некаде на мигрантската рута што почнува од Грција и завршува во северно-европските држави, а воедно и ќе биде сериозна порака за обесхрабрување на поголемиот број на економски мигранти што во континуитет доаѓаат од Авганистан кон западно-европските земји, вели вицепремиерот Попоски.
Според македонскиот шеф на дипломатијата, придонесот на Македонија во овој дел е значаен и поради средствата што земјата ги има дадено за обезбедување на овие решенија, но и поради помошта што несебично ја дала за обезбедување на хуман и безбеден третман на мигрантите во текот на целата оваа мигрантска криза.
Во овој дел, државниот секретар на САД, Џон Кери, кој денеска учестува на конференцијата, на средбата со претседателот и со премиерот на Авганистан, Ашраф Гани и Абдула Абдула, порача дека треба да се подобрат безбедносните капацитети на авганистанските безбедносни сили, а по последните немири во земјата, исто така посочи дека Телибанците во земјата треба да постигнат мировен договор со актуелните власти во Кабул.
Инаку, на маргините на денешната конференција во Брисел, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, оствари и голем број билатерални средби со своите колеги, при што се сретна со шефовите на дипломатиите на Индија, Србија, Бугарија, Албанија, Азербејџан и на Турција.Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, е потврдено на денешната конференција за Авганистан, што се одржа под мотото „Партнерство за

Пронајдете не на следниве мрежи: