Попоски: Македонија заслужи да влезе во НАТО

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, денеска во Брисел учествуваше на состанокот на земјите-членки на НАТО со партнерските земји во рамки на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, јави дописникот на МИА од Брисел.Сепак, во рамки на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, денес и утре главна тема е испраќањето на покана за членство на Црна Гора во НАТО пред Самитот во Варшава во јуни 2016 година, што Македонија го заслужи уште од Самитот во Букурешт во 2008 година, но поради грчкото вето, тоа до денеска не може да се оствари.
Македонскиот шеф на дипломатијата ја поздрави одлуката за испраќање на покана за членство на Црна Гора, потенцирајќи дека е тоа добро и за Македонија, која, пак, според Попоски, уште пред осум години го заслужи статусот на земја-членка на НАТО.
– Ние ја поздравуваме одлуката за покана на Црна Гора за членство во НАТО, бидејќи се работи за една пријателска земја што е од нашиот регион. Во секој случај, дополнително членство на било која земја од нашиот регион може да има само позитивен фактор врз целокупната стабилност и безбедност на регионот, вклучително и на Република Македонија. Ние остануваме со нашата заложба за членство и на Македонија во НАТО, нешто што одамна веќе е заслужено, барем од 2008 година кога и формално е констатирано. Доколку не беше наметнатиот спор за името, Македонија ќе го реализираше членството, но и во овој партнерски однос што го имаме со НАТО, за нас е пред се придобивката на подобрување на имиџот, зголемување на инвестициите, чувството на поголема сигурност и предвидливост со Република Македонија, што не мотивира да останеме на целта за полноправно членство, посочи министерот Попоски во изјава за МИА.
И покрај тоа што американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Луте, синоќа најави дека во делот за “отворени врати на Алијансата” утре ќе се разговара и за Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија, кои се исто така земји-кандидати, сепак, јасно е дека само Црна Гора ќе добие покана, а останатите ќе бидат само споменати на состнаокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО..
На денешниот состанок на партнерските земји со НАТО во однос на мисијата во Авганистан, според министерот за надворешни работи на Македонија, клучна е дискусијата за да се обезбеди мирна средина во оваа земја за да престане бранот на бегалци од Авганистан што е втор најголем во Македонија и во Еворпа воопшто, по оној на Сиријците.
– Се работи за одлука околу продолжување на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Македонија веќе има испратено три илјади свои војници и офицери на мисии во Авганистан од 2002 година до денес. Ние остануваме со истото присуство и во текот на следната година. Денеска беше значајна дискусијата околу напорите за стабилизирање на ситуацијата во Авганистан, особено во услови во кои граѓаните на Авганистан се втора најголема група по сириските граѓани во оној бран од над половина милион мигранти што транзитираат низ Република Македонија на пат кон Западна Европа, потенцира министерот Попоски.Сепак, во рамки на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, денес и утре главна тема е испраќањето на покана за членство на Црна Гора во НАТО пред

Пронајдете не на следниве мрежи: