Попоски во работна посета на кралството Холандија

На вчерашната работна посета на Холандија, министерот Попоски имаше средба со својот колега, холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс.Попоски сретна со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. Во фокусот на разговорите беше ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на тој пат.
-Холандија, како актуелен претседавач со Советот на Европската унија и долгогдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси.  Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми.  Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи, посочи Попоски.
Воедно, соговорниците ги истакнаа потенцијалите за унапредување на економската и соработката во областа на туризмот.
Во реномираниот Институт за надворешни односи, Клингендајл министерот Попоски имаше излагање за предизвиците и можностите на процесот на проширување на Европската унија низ призмата на Република Македонија.
За време на посетата, министерот Попоски ја посети и Организацијата за забрана на хемиското оружје со седиште во Хаг, при што со генералниот директор Ахмет Узумџу разговараа за досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и оваа меѓународна организација и нејзиниот придонес кон глобалниот мир и безбедност.Попоски сретна со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. Во фокусот на разговорите беше ЕУ перспективата и предизвиците со кои се со

Пронајдете не на следниве мрежи: