Кон крајот на коцертната сезона 2013-2014, Македонската филхармонија во Скопје ќе се претстави заедно со еден од најдобрите фадо вокалисти во светот-Камане и неговиот бенд.На 15 мај 2014 година,со почеток во 20 часот во Универзалната сала Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој овој исклучителен претставник на фадо стилот ќе се претстави со неговиот проект „Најдоброто од 1995-2013“ кој е всушност пресек на најдобрите и најпопуларни композиции на Камане симени на 10 албуми за продукциската куќа ЕМИ и наградени со бројни призанија.
Македонската филхармонија ќе го придружува на коцертот под диригентската палка на Борјан Цанев, а со нив ќе настапат и Хозе Мануел Нето на португалска гитара, Карлос Мануел Проенса на фадо виола и Пауло Паз на котрабас.
Камане, предводник на новата генерација фадо вокалисти, медиумите ширум светот го опишуваат како „најголемиот фадо пејач на нашето време“, а неговите албуми се продадени во милионски тиражи.
Специфичниот стил на фадо музиката има свои следбеници низ целиот свет, а самиот Камане смета дека „кога фадо музиката се изведува со вистинска искрена емоција- таа ги надминува сите јазични бариери“.
Билетите за концерот се во продажба на билетарницата на Макеоднската филхармонија во Дом на АРМ.На 15 мај 2014 година,со почеток во 20 часот во Универзалната сала Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој о