ПОРАДИ НЕГО ГО ОСТАВИ МОМЧЕТО: Пејачката се препна на скали и го запозна мажот на нејзиниот живот

Пејачката Дуња Илиќ минатата недела ја изненади јавноста кога објави дека ќе се мажи за Саша Грујиќ од Врање после мецец дена забавување. Илиќ и Саша се запознале кога таа отишла во посета на еден пријател од Врање, а нивната прва средба потсетува на случувањата од холивудските филмови.Имено, Илиќ имала настап во еден клуб во веќе споменатиот град, па после првиот блок песни пејачката посакала да се освежи во тоалетот кој се наоѓал на спрат во локалот, а Грујиќ кој бил еден од гостите во локалот, тргнал по неа.
„Дуња во врање дојде во друштво на нејзиното момче од Сараево, а Саша го запозна сосема случајно. Кога тргна да се разлади во тоалетот на клубот, почна да се качува по спиралните скали и изгуби рамнотежа. Саша забележал дека таа после настапот го напушта клубот, и тргнал по неа за да се запознаат. Во тој момент кога Саша бил близу до неа видел дека Илиќ ќе падне и како вистински џентлмен ја подал раката за да ја задржи, но паднал по неколку скали и ја изгубил свеста. Дошла Брза помош и го однела во болница, а Дуња го прекина настапот и веднаш тргна со него“, открива извор близок на пејачката.

 
„Во болницата не сакаа да ја пуштат Дуња да го види Саша, бидејќи не е член на семејството, па на персоналот таа рекла дека му е вереница, што на крајот се оствари. Дуња таа вечер ја помина во чекалната, а откако ја напушти болницата, пејачката и Саша започнаа врска. Илиќ на своето момче од Сараево му рече дека се заљубила, по што тој го напушти Врање“, вели изворот.
Љубовта се распламти, па набрзо Саша ја претстави Дуња на неговото семејство и пријателите како негова вереница, а интимната венчавка беше одржана во неделата. Парот планира и голема свадбена веселба, но се уште не одредиле датум.Имено, Илиќ имала настап во еден клуб во веќе споменатиот град, па после првиот блок песни пејачката посакала да се освежи во тоалетот кој се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: