Ибица веќе со години ја ужива репутацијата на најдобро место за блуд и разврат, а властите на овој остров конечно одлучиле на овој остров да му вратат барем малку достоинство.Градоначалникот на Сан Антонио на Ибица, Пер Тур, донел закон сите туристи да се казнат со 750 евра доколку по улиците на овој остров шетаат со било какво шише во рака, било да се работи за алкохолен или безалкохолен пијалак. Тој со овој закон има намера да го спречи криењето алкохолни пијалоци во шишиња од сок и малку да ја врати репутацијата на овој остров.
Овој закон крена многу прашина бидејќи поединци сметаат дека можат сериозно да го нарушат своето здравје со дехидрација со оглед на тоа високите температури. И покрај тоа Пер Тур останува при својата одлука.
„Оваа мерка е донесена за младите луѓе повеќе да не прават проблеми по улиците. Секако ќе постојат тераси на кои туристите во секој момент ќе можат да седнат и да се напијат што сакаат“, изјавил тој.Градоначалникот на Сан Антонио на Ибица, Пер Тур, донел закон сите туристи да се казнат со 750 евра доколку по улиците на овој остров шетаат&



